NEOPITROID Прав - Ветерина

Ветерина лого
Барај
Оди до содржина

Главното мени

NEOPITROID Прав

NEOPITROID Прав
КатегоријаИнсектициди
Активни СостојкиPermetrin 5 g/kg
Пакување100 g
Состав100 g прашок содржи: 0,5 g permetrin (25:75, цис: транс), 3 fenoksibenzil (+)-цис, транс-2,2-dimetil-3-(2,2 diklorovinil)-ciklopropan-1-karboksilat, CAS бр:. 52645-53-1
Животни

Мравки, Крлежи, Лебарки, Болви, Бубачки

Делување

NEOPITROID Прав има продолжена и добра почетна акција. Пријатен мирис. Активната супстанција на permetrin во таа формулација е во сооднос од 25% цис-изомер и 75% транс-изомер. Високиот процент на транс-изомери го намалува токсичниот ефект врз луѓето и животните, па затоа е погоден за општа употреба.

Употреба

NEOPITROID Прав се употребува за борба против инсекти во јавната хигиена, ветерината, домовите, магацините, живеалиштата. Успешно супримира штетници складирани на земјоделски производи. Се употребува за рачно запрашување директно од тубичката. Напрашените места не треба веднаш да се чистат, бидејќи производот има продолжено дејство. Мравките и лебарките кои ќе дојдат во контакт со прашокот го носат во нивните засолништа, па доаѓа до труење на целото легло.

Начин на чување

Да се чува на ладно место, надвор од дофат на деца.

Рок на траење

Означен е на пакувањето.

Издавање

Се издава без рецепт.

Отстранување

Со неискористениот производ и празната амбалажа се постапува согласно со Законот за отпад.

Назад до содржина | Назад до главното мени